• понеделник, 23 декември 2024

Македонската репрезентација со пораз дебитира на ЕП

Македонската репрезентација со пораз дебитира на ЕП
Букурешт, 13 јуни 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство. Австријците поведоа преку Штефан Лајнер во 18. минута, капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна. Во второ полувреме резервистите Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ погодија за победа на нивната репрезентација. На стадионот во Букурешт присуствуваа околу 4.000 македонски навивачи кои им дава голема поддршка на „црвено-жолтите“. Вториот натпревар од 1. коло во Ц-групата се игра вечерва (21 часот) во Амстердам каде Холандија ја пречекува Украина. Следниот дуел на македонскиот национален тим е на 17 јуни, исто така во Букурешт против Украина. зс/ 

Остани поврзан