• четврток, 07 ноември 2024

Македонската репрезентација во традиционално карате на 35. Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате на 35. Европски шампионат
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 35. Европски шампионат во традиционално карате - ЕТКФ во Белград, Србија. Како што информираат од МТКФ, боите на Македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца. Европски шампионат во традиционално карате се одржува од 29-31 октомври 2021 година.ар/лв/

Остани поврзан