• сабота, 21 декември 2024

Македонската репрезентативка Парулеска освои бронза на Светското првенство во традиционално таеквондо во Астана

Македонската репрезентативка Парулеска освои бронза на Светското првенство во традиционално таеквондо во Астана

Охрид,  24 август 2023 (МИА) – Македонскатата репрезентативка во традиционално таеквондо Христијана Парулеска освои бронзен медал во спаринг-борби за јуниорки од 14 до 15 години на Светското превенство што се одржува во Астана, Казахстан.

Парулеска е најдобрата континентална кадетка, со златен медал освоен на Европското првенство одржано годинава во Италија.

На Светскиот шампионат нашата делегација отпатува со тројца натпреварувачи – Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска. 

Светското првенство завршува задутре. аб/лв/

 

Остани поврзан