• среда, 25 декември 2024

Македонската поетеса Јулијана Величковска гостува на „АД ХОК“ во Љубљана

Македонската поетеса Јулијана Величковска гостува на „АД ХОК“ во Љубљана

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) – Македонската поетеса Јулијана Величковска, денеска, ќе гостува на настанот „АД ХОК“, во градската библиотека „Отон Жупанчич“ во Љубљана, каде за време на поетското читање ќе биде придружена од филхармонискиот виолинист Милош Симиќ и членовите на групата „Струне“.

Како што соопштуваат од ПНВ Публикации, настанот ќе биде модериран од Петра Коршич, која е автор и куратор на серијата синергиски настани „АД ХОК“. За време на настанот, македонска сликарка и графичарка која живее и твори во Љубљана ќе слика инспирирана од нејзините стихови.

Препевот на песните од Величковска на словенечки е на проф. д-р Намита Субиото.

Претходно во 11:30 часот на Катедрата за славистика при Филозофскиот факултет Величковска ќе има средба и разговор со студентите, по што заедно со проф. д-р Намита Субиото ќе го промовираат двојазичното издание „Ново раѓање на зборот“ или „Novo rojevanje besede“. Ова издание содржи песни од Андреј Ал-Асади, Марија Грубор, Ива Дамјановски, Сара Ѓорѓијоска, Ивана Јовановска, Софија Поповска, Михајло Свидерски и Васил Ханџиски, во избор и препев на студентите од Љубљана.

Станува збор за превод на дел од истоимената антологија на младата македонска поезија што ја приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, во издание на ПНВ Публикации, 2023 г.

В сабота на 7 декември од 18:00 часот Величковска ќе гостува во Македонскиот културен центар во Крањ на манифестацијаа Прешерново оро 2024.

Гостувањето е во рамки на проектот Прешерново оро 2024, кој го спроведуваа Филозофскиот факултет во Љубљана  во соработка со МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, а публикацијата е создадена во соработка со МКД „Македонија“ од Љубљана. Двата проекти се поддржани од до ЈСКД РС. ра/мд/

Фото: ПНВ Публикации

 

Остани поврзан