• сабота, 22 март 2025

Македонија до 21 поразена од Белорусија

Македонија до 21 поразена од Белорусија

Белек, 21 март 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 3:1 од селекцијата на Белорусија во контролен натпревар одигран во Белек, Анталија.

Македонија одигра тактички добро прво полувреме во кое пропуштивме неколку изгледни можности за постигнување погодок. Димитар Трајков прв се закани, но неговиот удар без проблем го скроти противничкиот голман. Белорусија успеа од својата прва можност да постигне погодок за 1:0. Избраниците на селекторот Горан Станиќ можеа брзо да се вратат во игра, Димитар Трајков се најде во феноменална прилика, но неговиот удар беше во последен момент изблокиран. Димитар Трајков имаше уште една добра можност, но неговиот удар со глава заврши покрај голот.

Во продолжението, противникот од пенал погоди за 2:0. Македонија се трудеше, создаваше можности, но без реализација. Малото невнимание и грешка во средниот ред, селекцијата на Белорусија го искористи максимално и успеа да поведе со 3:0. Кире Стојанов го намали водството на противникот. Македонија и по постигнатиот погодок продолжи да напаѓа и да создава шанси, но немавме среќа во завршницата. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан