• среда, 27 ноември 2024

Македонија до 21 ги започнува подготовките за контролните натпревари против Полска и БиХ

Македонија до 21 ги започнува подготовките за контролните натпревари против Полска и БиХ

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска официјално го означи стартот на подготовките за претстојните контролни натпревари против Полска и Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Кониќ играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Стандардниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза Рамани даде свое видување за претстојните контролни дуели.

- Овој квалификациски циклус го започнавме одлично, со издвоената победа над силната селекција на Шведска на гостински терен, но на другите натпревари кај што важевме за фаворити, не успеавме да го оправдаме тоа, одигравме лошо на тие натпревари, со што и ја загубивме можноста да се надеваме на висок пласман во овие квалификации, изјави тој.

Според негово мислење, треба подобрување во неколку аспекти во играта.

-Мораме да поработиме на органиацијата на играта, како и самата реализација. Доколу ги подобриме овие клучни делови на нашата игра, верувам дека можеме да оствариме многу подобри резултати и да се натпреваруваме со било која селекција, истакна Рамани.

Како професионалци, додава, секогаш се подготвени да се стават на располагање на селекторот и неговиот стручен тим.

-Иако е крај на првенството, кога се работи за репрезентацијата тука сме да го дадедеме максимумот. Овие контролни натпревари ќе бидат одлична можност да ја подобриме нашата игра. Се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати против Полска и Босна и Херцеговина, порача репрезентативецот. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан