Македонија до 17: Минимална победа над Лихтенштајн
- Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години забележа минимален триумф над селекцијата на Лихтенштајн во натпревар од 2. коло на квалификацискиот турнир (Лига Б) за пласман во А лигата квалификации за ЕП.

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години забележа минимален триумф над селекцијата на Лихтенштајн во натпревар од 2. коло на квалификацискиот турнир (Лига Б) за пласман во А лигата квалификации за ЕП.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска остварија многу значајна победа во борбата за висок пласман во групата 1. Сосема заслужено се радувавме на трите бода, со оглед на прикажаната игра во текот на целиот натпревар. Хоџа беше стрелец во 30. минута на единствениот погодок на денешната средба.
Нашите млади фудбалери во досегашните две кола имаат освоено четири бода.
Во вториот меч од нашата група, вечерва со почеток во 20:30 часот се среќаваат домаќинот Шкотска и Романија.
Во последното трето коло, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Романија. дс
Фото: ФФМ