• вторник, 24 декември 2024

Македонецот Јован Шкмби нов советник во Советот на општина Поградец

Македонецот Јован Шкмби нов советник во Советот на општина Поградец

Тирана, 4 септември 2023 (МИА) – Членот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Јован Шкмби е нов член на Советот на општина Поградец, соопшти албанската Централна изборна комисија (ЦИК).

Комисијата денеска разгледала повеќе прашања од нејзина надлежност во тие рамки и пополнувањето на испразнети места во советите на неколку општини, меѓу нив и Поградец.

На локалните избори што се одржа на 14 мај годинава МАЕИ беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на листата на социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник.

Шкмби(69) родум е од селото Церје, Мала Преспа, дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана во 1977 година а живее во Поградец.

Во 1993 година со формирањето на огранокот за Подградец, на македонското друштво „Преспа’“ во Поградец тој е избра за претседател кој го предводи до денес.

Во 2005 година бил избран за претседател на огранокот на МАЕИ за Поградец, на која функција бил до 2014 година. На локалните избори во јуни 2015 бил избран за советник во Советот на општина Поградец. Тој е голем поборник за што е можно поголема застапеност на Македонците во сите нивоа на управување на општинско ниво. вт/мч/

Фото: Шкмби Фб

Остани поврзан