• среда, 25 декември 2024

„Мазда“ затвора две фабрики во Јапонија

„Мазда“ затвора две фабрики во Јапонија
Токио, 4 февруари 2022 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант. Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на Мазда. „Проблемите со снабдувањето се поради студеното време во источна Северна Америка“, се наведува во известувањето. Во јуни 2021 година, Мазда беше принудена да затвори една од своите јапонски фабрики на 10 дена поради недостиг на полупроводници за автомобили.  си/сд/

Остани поврзан