• понеделник, 23 декември 2024

МАЕИ стана полноправна членка Европската слободна алијанса ЕФА

МАЕИ стана полноправна членка Европската слободна алијанса ЕФА

Дебар, 7 март 2024 (МИА) – Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска стана полноправна членка на Европската слободна алијанса ЕФА, за што е донесена едногласна одлука од делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса во Брисел, информираше за МИА, Васил Стерјовски, лидер на партијата. 

-Горди сме и голема чест ни е што станавме полноправна членка на ЕФА. Веруваме дека нашето членство ќе ја збогати и нашата партија и Алијансата, рече тој.

Според него, етосот на партијата „длабоко резонира со принципите на кои се темели на Европската Унија, како што се зацртани во член 3 од Договорот за Европската унија“. 

-Посветени сме на промовирање на овие вредности во Албанија и низ Европа. Нашата соработка со партиите членки на Европската слободна алијанса, како што се „Виножито“ од Грција и ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија, ја нагласува нашата посветеност на овие идеали. Инспирирани од визијата на Европската слободна алијанса, ние сме желни да придонесеме со нашите уникатни перспективи и искуства во Алијансата, рече Стерјовски, кој ќе има обраќање на овој собир.

Тој заедно со координаторот за меѓународна соработка во партијата, Генти Јанкула, вчера имаа средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства што ја оценија како „историска пригода, која означува значајна пресвртница за нашата партија и за Македонците во Албанија“. вт/сст/

Фото: МАЕИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан