• петок, 05 декември 2025

Мадуро пристигна во Москва: Европа треба да биде благодарна на Црвената армија

Мадуро пристигна во Москва: Европа треба да биде благодарна на Црвената армија

Москва, 7 мај 2025 (МИА) – Европа треба им да биде благодарна на Црвената армија и СССР бидејќи беше ослободена од нацистичкиот режим, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој пристигна во Москва на прославата на осум децении од победата над фашизмот.

- Европа треба да биде благодарна на Црвената армија и Советскиот Сојуз кој ја ослободи од нацизмот и фашизмот. Токму Црвената армија ја ослободи Европа, рече Мадуро, пренесоа руски медиуми.

Доаѓањето на венецуелската делегација на прославата на Денот на победата во Москва има за цел да го истакне почитувањето и восхитот кон народот на Русија, додаде тој.

Венецуелскиот претседател рече дека победата на СССР во 1945 година и триумфот на Црвената армија се победа на целото човештво. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан