Магла ја намали видливоста кај Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 20 до 30 метри на планинските превои Стража, од 50 до 60 метри на Ѓава

Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 20 до 30 метри на планинските превои Стража, од 50 до 60 метри на Ѓавато и до 100 метри на Плетвар, како и до 50 метри во Крушево.
Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.фф/