Магла на Стража и Пресека
- Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планиските премини Стража и Пресека, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“. На останатите патишта низ државата сообраќајот с

Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планиските премини Стража и Пресека, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците, можна е појава на поситни одрони.
„Македонија пат“ апелира до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот. бак/сп/