• сабота, 23 ноември 2024

МААЕ: Нема истекување на радиоактивен материјал од украинската нуклеарна централа Запорожје

МААЕ: Нема истекување на радиоактивен материјал од украинската нуклеарна централа Запорожје
Виена, 4 март 2022 (МИА) - Безбедносни системи на украинската нуклеарна централа Запорожје не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси. - Во текот на ноќта проектил погоди зграда во рамки на комплексот на нуклеарната централа. Зградата не е дел од реакторите. Ова предизвика локален пожар, што беше изгаснат. Сите безбедносни системи на нуклеарната централа не се оштетени. Нема истекување на радиоактивен материјал, изјави шефот на МААЕ, Гроси. аа/

Остани поврзан