• недела, 06 октомври 2024

ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити

ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити


Милано, 17 септември 2024 (МИА) – Федерико Димарко и Марко Арнаутовиќ денеска тренираа одвоено од соиграчите од Интер и нема да бидат подготвени за утрешното гостување кај Манчестер Сити во првото коло од Лигата на шампиони.
Италијанскиот дефанзивец Димарко има мускулен проблем, додека поранешниот австриски репрезентативец Арнаутовиќ се разбудил со висока температура, пишува италијанскиот весник Газета дело спорт.
Сè уште не е јасно дали двојката ќе може да закрепне навреме за неделното дерби од петтото коло во Серија А против Милан.
Екипата на Интер попладнево ќе отпатува за Манчестер, а вечерва тренерот Симоне Инзаги ќе ја одржи официјалната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Сити. ег ФОТО: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан