• сабота, 16 ноември 2024

Лула да Силва: Договорот со ЕУ треба да биде избалансиран

Лула да Силва: Договорот со ЕУ треба да биде избалансиран

Брисел, 17 јули 2023 (МИА) - „Би сакале да имаме договор што ќе го зачува капацитетот на различните страни да одговорат на идните и сегашните предизвици“, изјави денеска бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, изложувајќи ги своите идеи за финализирање на трговскиот договор меѓу Европската унија и латиноамериканскиот трговски блок Меркосур, јави ДПА.

Земјите од Латинска Америка и Карибите „бараат инвестиции во инфраструктурата, разновидна логистика, социјална и урбана инфраструктура“, рече тој.

Лула ја истакна важноста на јавните набавки во трговските односи меѓу Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај - таканаречениот трговски блок Меркосур - и ЕУ.

-Владините набавки се витална алатка за вмрежување на инвестициите во инфраструктурата и одржување на нашата индустриска политика, изјави бразилскиот претседател.

„Договорот меѓу Меркосур и Европската унија, кој треба да биде избалансиран, кој (ние) имаме намера да го склучиме оваа година, ќе отвори нови хоризонти“, додаде Лула, пренесе ДПА. ен/сд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан