• вторник, 26 ноември 2024

Лук Шо останува во Манчестер јунајтед до 2027

Лук Шо останува во Манчестер јунајтед до 2027

Манчестер, 4 април 2023 (МИА) – Англискиот дефанзивец Лук Шо го продолжи денеска договорот со Манчестер јунајтед до 2027 година, објави клубот од „Олд Трафорд“.

Шо, кој за англиската репрезентација настапи на 29 натпревари, дојде во Јунјатед од Саутемптон во 2014 годинаи во дресот на Црвените ѓаволи одигра 249 натпревари, од кои 36 оваа сезона.

„Лук е исклучително важен играч за екипата и стана еден од најдобрите дефанзивци. Исто така го додаде и менталитетот на лидер меѓу другите свои одлични квалитети“, рече спортскиот директор на Манчестер јунајтед, Џон Муртоф.

Моментно петтопласиран на табелата во Премиер лигата, Манчестер јунајтед има полоша гол – разлика од третопласираниот Њукасл и Тотенхем на четвртото место. Клубот од „Олд Трафорд“ сезонава го освои Лига купот, а ќе игра во полуфиналето на ФА купот и четвртфиналето во Лига Европа. ег/сд/

Остани поврзан