Лука Јовановски на прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Георгиевски
- СООПШТЕНИЕ- Лука е дете од девет години кое има попреченост со својот вид, но има голема љубов кон музиката и музичките инструменти. Тој свири на тапани, хармоника и синтисајзер, чита и пишува на брајово писмо и има голема желба да се запознава со јавни личности.

Скопје, 17 јануари 2025
Кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети малиот Лука Јовановски кој беше специјален гостин.
Лука е дете од девет години кое има попреченост со својот вид, но има голема љубов кон музиката и музичките инструменти. Тој свири на тапани, хармоника и синтисајзер, чита и пишува на брајово писмо и има голема желба да се запознава со јавни личности.
Градоначалникот истакна дека му претставува чест и задоволство што Лука е житек на општина Илинден и што посака да ја посети Општината.
Општина Илинден
Одделение за поддршка на Градоначалникот
Фото: Општина Илинден
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.