• сабота, 23 ноември 2024

Лукашенко со пушка во рака пристигна во резиденцијата во Минск

Лукашенко со пушка во рака пристигна во резиденцијата во Минск
Минск, 23 август 2020 (МИА) - Кабинетот на белорускиот претседател деманитира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакиира Александар Лукашенко. Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како Лукашенко се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка. Претходно дел од белоруските медиуми  објавија дека хеликоптер слета на територијата на Палатата и претпоставуваа дека со него ќе биде евакуиран Лекушанко. Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.     Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата“ долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте. ми/

Остани поврзан