• сабота, 23 ноември 2024

Лукаревска од Штип: Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари

Лукаревска од Штип: Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 и просечна пензија од 30.000 денари

Штип, 19 април 2024 (МИА) – Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во Изборната единица три, затоа што верувам во исправните политики на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција во Штип, Сања Лукаревска носител на листата за пратеници на СДСМ и на коалиционите партнери во ИЕ 3.

Посочи дека како партија знаат да носат храбри и осмислени одлуки, а какошто вели тоа и го покажале.

-Работевме напорно и посветено, за да стигнеме до преговори со Европската унија, никогаш не сме биле поблиску. Затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор, најтешкиот, не чека многу работа. Но, тоа секако не не плаши, затоа што сакавме и ветивме иднина за сите нас, заедно со граѓаните поминавме три кризи, девет пакети антикризни мерки и недозволивме никој да остане сам,никој не беше заборавен, вели Лукаревска.

Посочи дека зголемени се платите и пензиите, а СДСМ ќе го штити и достоинството на пензионерите, бидејќи какошто рече Лукаревска тоа се нашите родители, нашиот штит, поддршка кога е најтешко.

-Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30.000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој јануари и јуни системски. Пензионерите нема да зависат од нечија милост, се им е заслужено и одработено, рече Лукаревска.

Забележа дека потребна е и поголема достапност за Домови за стари лица, за што предвидена е изградба на 12 нови Домови низ државата. Лукаревска порача да останеме заедно и единствени, за да продолжиме да живееме достоинствено, како што заслужуваме во нашата европска Македонија. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан