• сабота, 23 ноември 2024

Лукаревска: Низ дијалог да ја обезбедиме европската иднина на државата

Лукаревска: Низ дијалог да ја обезбедиме европската иднина на државата

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - СДСМ подаде рака и на ВМРО-ДПМНЕ и понуди пет министерски места за да влезе во Владата, па дури беше понудено и лидерот на партијата Христијан Мицкоски да седне во премиерската фотелја, со цел да се усвојат уставните измени и низ дијалог да ја обезбедиме европската иднина на државата, порача заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Сања Лукаревска.

- Драго ми е што после долго време има признавање дека и ДПМНЕ е за уставните измени и дека таа подадена рака ја испочитувале. Дури и нашиот претседател Димитар Ковачевски кажа дека ако сакаат може Мицкоски да седне на премиерското столче. Со тоа покажуваме дека никој не се бори за политички, за партиски рејтинзи, напротив, се бориме за европската иднина, бидејќи ја остваривме стратешката цел членство во НАТО, а членството во ЕУ ние исто така дел од предизборната програма. ЕУ многу повеќе ќе го почитува нашето единство и заедништво, отколку секојдневните препреки за кои сведочиме низ секојдневни изјави, посочи Лукаревска во гостувањето во емисијата „Аргумент Плус“ на Телевизија 24.

Според Лукаревска, сите меѓународни фактори и сите високи претставници на ЕУ јасно кажуваат дека нашата државата и земјите од Западниот Балкан и се потребни на Европската Унија, па затоа сега треба да ја завршиме нашата домашната задача.

- Доколку уставните измени не се случат, ќе се вратиме назад во изолација и ќе функционираме како во едно мрачно режимско време, а тоа никој не треба да го дозволи, туку треба преку компромис, преку дијалог, преку преговарање да покажеме дека сме држава која прогресивните сили ја водат напред и заслужува да биде дел од ЕУ, додаде Лукаревска. сп/ 

Остани поврзан