• вторник, 24 декември 2024

Лукаревска: Заедно создаваме концепт кој го носи најдоброто во секоја општина

Лукаревска: Заедно создаваме концепт кој го носи најдоброто во секоја општина
Скопје, 5 јули 2021 Денес заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Теемелковски и претседателот на Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода присуствуваа на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода во рамки на караванот “Најдоброто за нашата општина”. “Нашата партија е постојано на терен, постојано со граѓаните, во секое населено место, во сите маала кадешто разговараме со граѓаните и од вас  црпиме идеи, го слушаме вашиот глас и заедно го креираме најдоброто за сите. За нас зборот е збор. Она што вие граѓаните сметате дека е најдобро за вашата општина, тоа СДСМ ќе го имплементира во својата  програмата за локалните избори и тоа СДСМ и ќе го реализира - без разлика кој ќе биде кандидат. Вие го препознавате отворениот и чесен пристап на СДСМ, правите разликата во начинот на работењето и решавањето на проблемите во изминатиов 4 годишен мандат, и преку нашата континуирана поврзаност со вас го согледуваме вашето задоволство од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе  понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати”, истакна Лукаревска. Во продолжение на средбата Лукаревска накратко резимираше и дел од проектите и успешната реализација како на централно така и на локално ниво –“ Го реализираме концептот парите назад кај граѓаните, за две години од проектот Мој ДДВ, вративме 36 милиони евра назад кај 400.000 граѓани и иако многумина не веруваа дека тоа е возможно. Минималната плата ја затекнавме некаде под 9.000 денари, а сега таа е 15.200 денари, со што го исполнивмее дадениот збор кон вас граѓаните. Бележиме раст и на  просечната плата која за само 4 години ја зголемивме за 6.000 денари. Да потсетиме дека меѓу првите одлуки на Владата, беше  раздолжувањето на општините со 50 милиони евра. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување, парите на граѓаните денес се трошат за  училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради,  вложуваме во она што води до унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. За општина Кисела Вода ќе напоменам само дел од проектите како потврда дека  сето ова што го го вориме не значат само зборови туку значат дела. Реконструирани се неколку регионални и локални патишта со што ја унапредуваме патната инфраструктура. Се работи и на подобрување на условите во градинките, училиштата, студентските домови, нашитее млади заслужуваат здрав развој и иднина тука дома.Во тек е изградба на градинка во с. Драчево со капацитет од 120 деца, а оредвидена е и реконструкција на Студентскиот Дом Пелагонија”. Eте токму на ова мислиме кога зборуваме за најдоброто, при што  мораме да имаме на ум дека е постигнато за само четиригодини од кои една година бевме во светска пандемија на коронавирусот, а за четирите години имавме и исто толку изборни циклуси. Ова е само уште еден гарант дека СДСМ заедно со граѓаните е најдоброто за секоја општина, дека е најдоброто за нашата држава. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан