• четврток, 07 ноември 2024

Лукаку и Де Бруин ја одбија поканата за репрезентацијата

Лукаку и Де Бруин ја одбија поканата за репрезентацијата

Гент, 2 август 2024 (МИА) - Белгиските медиуми пишуваат за голем шок во репрезентацијата откако Ромелу Лукаку и Кевин де Бруин не се одзвале на поканата за претстојниот собир.

Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, Ромелу Лукаку и најдобриот играч на белгиската селекција, Кевин де Бруин, нема да настапат за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации во октомври, иако добија покани.

Лукаку го немаше ниту во септември, но неговото отсуство тогаш беше образложено со средување на деталите од трансферот во Наполи. Официјално Де Бруин не доаѓа поради полесна повреда со која се здоби пред две недели, но медиумите пишуваат дека овие откази всушност се најава за повлекување од репрезентацијата.

Тибо Куртоа претходно изјави дека нема да игра за националниот тим додека не се смени селекторот и не си замине Доменико Тадеско.

Белгиските медиуми шпекулираат дека тоа е причината за отказите и на Лукаку и Де Бруин. дс

Фото: Архива

Остани поврзан