• вторник, 24 декември 2024

Лудва: Културните активности треба да ги олеснуваат меѓусебните врски, а не да ги прават потензични

Лудва: Културните активности треба да ги олеснуваат меѓусебните врски, а не да ги прават потензични
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) – Културните активности треба да ги олеснуваат меѓусебните врски, а не да ги прават потензични, изјави денеска во Струмица чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, нагласувајќи дека за членство во ЕУ е неопходна добра меѓусоседска соработка. Прашан како Северна Македонија ќе напредува кон ЕУ со сите условувања од Бугарија, Лудва рече дека ставот на Република Чешка е дека билатералните прашања не треба да се дел од преговарачкиот процес. -  Тоа јасно го кажавме и во декември 2020. Треба да го погледнете францускиот предлог, билатералните договори не се дел од преговарачката рамка, изјави Лудва. Добрите регионални и меѓусоседски односи, нагласи Лудва, се многу важни и затоа, како што рече, одлучиле во рамки на нивното претседателство да организираат серија конференции за зајакнување на дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. - Првата конференција во Софија се фокусираше на размена на искуства. Следната конференција во Скопје беше во најголем дел насочена на придобивките од заедничкиот пазар. Сега тука во пограничната област, вчера во Петрич и денеска во Струмица, се фокусираме на реален меѓуграничен дијалог и соработка, како и придобивките од идното членство во ЕУ, изјави Лудва. Прашан дали постои подобро разбирање меѓу македонските и бугарските интелектуалци по тристраните форуми за меѓусебно разбирање во организација на чешката Амбасада, Лудва вели дека е реалист, и дека не може да се смени нешто за само неколку недели. - Нашата интенција е да помогнеме како што е можно.  Многу добро знаеме дека регионалната соработка е првиот чекор кон Европската унија. Добар пример за тоа е соработката на нашите четири земји во рамки на Вишеградската група. Добрата регионална соработка е првиот чекор кон ЕУ. Со тоа покажувате дека сте подготвени да соработувате во рамки на една поголема регионална група, изјави Лудва. аа/бак/

Остани поврзан