• вторник, 24 декември 2024

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс“ со американски астронаути

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс“ со американски астронаути
  Вашингтон, 27 мај 2020 (МИА) - Лошото време може да го одложи лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ и сондата „Кру драгон“, но од НАСА јавуваат дека стартот засега не е одложен, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Ракетата на компанијата „СпејсИкс“ е планирано да полета денеска во 16 часот и 33 минути од космодромот на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ракетата ќе ја превезе капсулата во која се наоѓаат двајца американски астронаути, Даг Харли и Боб Бенкен, на Меѓународната вселенска станица. Ова е прво американско ласнирање на ракета од американска територија со човечки екипаж после девет година пауза. Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го прати својот последен шатл, „Атлантис“. кб/

Остани поврзан