• недела, 06 октомври 2024

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот
Лос Анџелес, 14 февруари 2022 (МИА) - Лос Анџелес на домашен терен го победи Синсинати со 23:20 (7:3, 6:7, 3:10 и 7:0) во финалето на НФЛ одиграно ноќта недела кон понеделник пред 70 илјади гледачи. За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербол, откако претходно беа најдобри во 1999 година. Синсинати го загуби своето трето финале. Ова беше првиот Супербол во последните две години на кој беше дозволен максималниот можен број навивачи, бидејќи претходната сезона имаше ограничено присуство поради пандемијата. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан