• недела, 21 јули 2024

Лос Анџелес повтори рекорд во НХЛ стар 17 години

Лос Анџелес повтори рекорд во НХЛ стар 17 години

Колумбус, 6 декември 2023 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес кингс ноќеска го победи Колумбус блу џaкетс со 4:3 по продолжение и го повтори рекордот во НХЛ од 10 последователни гостински победи од почетокот на сезоната.

Гостинските хокеари до триумфот дојдоа со пресврт во третиот период постигнувајќи три гола во низа. 

Клубот го повтори рекордот во најдобрата хокеарска лига во светот со 10 гостински победи по ред на почетокот на сезоната. Претходно такво достигнување забележа Бафало во сезоната 2006/07.

Следниот натпревар Лос Анџелес го игра на гости на 7 декември против Монтреал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан