Лосон: И да не сме во иста насока за одредена работа во надворешната политика, стоиме заедно цврсто како партнери во НАТО
- Понекогаш и да не сме во иста насока за одредена работа во надворешната политика секогаш стоиме заедно цврсто како партнери во НАТО и ќе продолжиме понатаму да работиме заедно во таа насока за стабилност и безбедност на регионот, изјави денеска при посетата на Штип aмбасадорот на Обидинетот Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, кој одговараше на новинарско прашање за гласањето на нашата земја на Генералното Собрание во ООН за резулацијата за Украина.

Штип, 27 февруари 2025 (МИА) – Понекогаш и да не сме во иста насока за одредена работа во надворешната политика секогаш стоиме заедно цврсто како партнери во НАТО и ќе продолжиме понатаму да работиме заедно во таа насока за стабилност и безбедност на регионот, изјави денеска при посетата на Штип aмбасадорот на Обидинетот Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, кој одговараше на новинарско прашање за гласањето на нашата земја на Генералното Собрание во ООН за резолуцијата за Украина.
-Морам да кажам дека Украина ќе остане приоритет за Обидинетот Кралство. Ние сме заедно со Република Северна Македонија партнери во НАТО и работиме заедно на стратешките цели и на заедничко постигнување на надворешната политика, изјави Лосон.
Британскиот амабасадор Лосон денеска е во работна посета на Штип при што ги посети Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“. вдј/ац/
Фото: МИА