• недела, 01 септември 2024

Лорис се искачи на третото место по број на настапи за Франција

Лорис се искачи на третото место по број на настапи за Франција
Париз, 11 октомври 2020 (МИА) - Голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација Хуго Лорис се најде во почетниот состав за вечерашниот натпревар во Париз од Лигата на нации против Португалија. За 33-годишниот голман, натпреварот беше 117. за репрезентацијата. Според овој статистички податок, тој го престигна Марсел Десаи и се искачи на третото место. Само Тјери Анри (123) и Лилијан Турам (142) играа повеќе од Лорис во дресот на „триколорите“. Покрај нив, најмалку 100 натпревари за Франција одиграа и Зинедин Зидан (108), Патрик Виеира (107), Дидие Дешамп (103), како и Оливие Жиру, за кого денешниот натпревар е 101-ви. зс/

Остани поврзан