• сабота, 23 ноември 2024

Лорис поразот од Динамо го нарече срам за Тотенхем

Лорис поразот од Динамо го нарече срам за Тотенхем
Лондон, 19 март 2021 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, го коментираше поразот од Динамо Загреб (0:3) во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа. Фудбалерот ја критикуваше играта на неговиот тим и ја оцени како срамна. - Ќе кажам само срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за неуспехот. Екипата едноставно рефлектира што се случува во клубот. Начинот на кој играме не е доволен. Имавме добри моменти во минатото, бидејќи го почувствувавме единството на тимот. Не сум сигурен дали е сега така, изјави Лорис за „Goal“. Тотенхем по два средби загуби со 2:3 од Динамо Загреб и испадна од Лигата на Европа уште во осминафиналната фаза. зс/

Остани поврзан