• среда, 25 декември 2024

Лорис за инцидентот со Сон: Ова е дел од фудбалот

Лорис за инцидентот со Сон: Ова е дел од фудбалот
Лондон, 7 јули 2020 (МИА) – Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис има свое објаснување за пресметката со соиграчот Сон Хјунг-Мин. Конфликтот се случи кога екипите по првото полувреме беа испратени во соблекувалната. - Оваа ситуација припаѓа на тимот. Однадвор можете да кажете што сакате. Она што се случи меѓу мене и Сон е понекогаш дел од фудбалот. Нема проблем. На крајот на натпреварот, можете да видите дека бевме повеќе од среќни, изјави Лорис. Голманот на полувреме од синоќешниот дуел тргна физички да се пресмета со Сон, но соиграчите спречија контакт и се остана на вербални префрлања. Подоцна двајцата играчи демонстрираа помиреност. зс/

Остани поврзан