• сабота, 23 ноември 2024

Лончар: Во Србија регистрирани се осум случаи на делта сој

Лончар: Во Србија регистрирани се осум случаи на делта сој
Белград, 16 јули 2021 (МИА) - Досега во Србија изолирани се осум случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус, но секако ги има и повеќе, изјави министерот за здравство Златибор Лончар, јави дописникот на МИА од Белград. Тој предупреди дека пандемијата сигурно нема да запре се додека не бидат 70-80 отсто вакцинирани во светот, како и во Србија, и дека здравствените работници не зборуваат без причина да тие кои одбиваат да се вакцинираат и се заразат, да треба да сносат дел од трошоците за лекување. - Тие кои не сакаат да се вакцинирани знаат дека, доколку се заразат, државата ќе плати за тоа, истакна Лончар. Инспекцијата, како што нагласи, во моментов работи непопуларна работа, но не со цел да малтретира некој да носи маски и да ги почитува мерките, туку да ги зачува здравјето и животот на луѓето во пандемија. - И тие би сакале да се занимаваат со активности со кои се занимавале пред ковид, истакна Лончар. Од почетокот на пандемијата до денеска, наведе Лончар, инспекцијата извршила 400.000 проверки, контролирани се еден милион патници, 120.000 од нив се ставени под здравствен надзор, напишани се повеќе од 5.000 казни и поднесени 1.285 прекршочни налози. Помошникот министер за здравство за инспекциски работи Горан Стаменковиќ изјави дека во последните неколку дена е засилен надзорот во угостителските објекти, продавниците и јавниот превоз и дека им помагаат и други инспекции, како и комуналната милиција, бидејќи тоа е потребно за да се спречи ширењето на делта сојот. об/ми/

Остани поврзан