• среда, 27 ноември 2024

Лондон: Руските сили се обидуваат да дојдат од Крим во Одеса

Лондон: Руските сили се обидуваат да дојдат од Крим во Одеса
Лондон, 21 март 2022 (МИА) - Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили напредуваат од правец на Крим и дека се уште го заобиколат Миколаев додека се обидуваат да се движат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок минатата недела. - Блокадата на украинскиот брег најверојатно ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Украина и ќе спречи основните прехранбени производи да стигнат до украинскиот народ, објави Министерството на Твитер. Претходно, британскиот премиерот Борис Џонсон, во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина. гт/

Остани поврзан