• вторник, 24 декември 2024

Лондончани од синоќа веќе чекаат во ред да го видат ковчегот на Елизабета Втора

Лондончани од синоќа веќе чекаат во ред да го видат ковчегот на Елизабета Втора
Лондон, 13 септември 2022 (МИА) - Граѓани на Лондон од синоќа веќе чекаат во ред за да не ја пропуштат шансата да ѝ оддадат чест на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември. Ковчегот со посмртните останки на кралицата се очекува во Лондон да пристигне вечер и од утре во следните пет дена да биде поставен во салата Вестминстер, која ќе биде отворена за граѓаните. Како што се прогнозира, редицата луѓе најверојатно ќе се протега неколку километри. Кампувањето не е дозволено во тој дел од Лондон, па граѓаните со себе носат столчиња на расклопување, топла облека и храна. Британската Влада, предвидувајќи ја долгата редица, нареди зголемена безбедност и поставување монтажни тоалети. Весникот „Тајмс“ пренесе оти може да се очекуваат и до 750.000 лица, потсетувајќи декаљ во 2002 година имаше над 200.000 лица на поклонение пред ковчегот на кралицата мајка, мајката на Елизабета Втора. бд/сд/

Остани поврзан