• вторник, 24 декември 2024

Ломбардија предлага воведување дополнителни ограничувања

Ломбардија предлага воведување дополнителни ограничувања
Рим, 20 октомври 2020 (МИА) - Италијанската Влада се согласи на барањето од регионот Ломбардија, кој беше силно погоден од епидемијата на Ковид-19, да воведе дополнителни ограничувања за борба против новиот бран зараза, изјави портпаролот на Министерството за здравство. Во Ломбардија, чиј центар е италијанската финансиска престолнина Милано, регистрирани се околу 128.400 од над 423.500 случаи на коронавирус откриени во Италија од почетокот на епидемијата во февруари. Регионот Ломбардија соопшти дека ќе предложи Владата да ги запре несуштинските економски активности и движењето на луѓето од 23 до 5 часот наутро од 22 октомври, додавајќи дека исто така ќе побара затворање на сите големи продавници во сабота и недела. паг/      

Остани поврзан