• вторник, 24 декември 2024

Ломбардија и уште 11 провинции во карантин поради новиот коронавирус

Ломбардија и уште 11 провинции во карантин поради новиот коронавирус
Рим, 8 март 2020 (МИА) - Италијанскиот премиер Џузепе Конте утрово потпиша наредба со која Ломбардија и 11 провинции се ставаат во карантин. Ломбардија, чија финансиска престолнина е Милано, е најбогатиот и најнаселен регион во Италија.  Новите правила вклучуваат луѓето да не можат да патуваат од и во Ломбардија, каде живеат околу 10 милиони луѓе. Мерките ќе важат и за уште 11 италијански провинции. Сите музеи, вежбалници, културни центри, скијалишта и базени ќе бидат затворени. Мерките беше предвидено да стапат во сила вчера, но локалните политичари побараа повеќе време за разгледување на рестрикциите. Италијанската Влада вчера донесе одлука за дополнително вработување на околу 20.000 здравствени работници, како и зголемување на бројот на кревети во болничките одделенија за интензивна нега да го зголеми од 5.000 на 7.500. Планирано е вработување на 5.000 лекари специјалисти, 10.000 медицински сестри и 5.000 негуватели. Владата планира и привремено вработување на пензионирани лекари. Новите мерки предвидуваат и претворање, по потреба, на некои хотели во приемни центри за лица во карантин. Во Италија со новиот коронавирус се регистрирани 5.883 лица, од кои 233 починале, a 589 оздравеле. ми/

Остани поврзан