• недела, 22 декември 2024

Локализиран пожар во атарот на село Глуво, Скопска Црна Гора

Локализиран пожар во атарот на село Глуво, Скопска Црна Гора
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Мештани на село Глуво, во Општина Чучер-Сандево, локализираа мал пожар кој беше забележан вечерва околу 20 часот во атарот на селото. Како што споделија мештаните, пожарот го забележале околу 20 часот и веднаш побарале помош. - Петнаесетина минути пред 20 часот забележавме чад и веднаш повикавме пожарна и полиција, притоа заѕвоневме и со црквеното ѕвоно од црквата „Св.Никола“, со која ги повикавме мештаните на помош, кажа жител на Глуво. МИА се појави на местото на настанот веднаш по огласувањето на ѕвоното и таму затекна околу 40-тина мештани кои со лопати и трактори беа присутни да помогнат околу гаснењето на пожарот. Првата интервенција од вечерашната трета смена на противпожарната бригада Бит Пазар беше токму овој пожар, на чија локација пожарникарите пристигнаа околу 21 часот, каде што веќе беше пристигната и полицијата. Пожарникарите извршија увид на местото на настанот и со резервоари со вода изгаснаа остатоци од жарта, а некаде кон крајот од локализирањето, еден од мештаните на својот трактор донесе и цистерна со вода. Ова е прв пожар во овој предел летово.ар/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан