• понеделник, 29 јули 2024

Локализиран пожарот на планината Готен кај Нивичино во Струмичко

Локализиран пожарот на планината Готен кај Нивичино во Струмичко
Струмица, 19 август 2021 (МИА) - Пожарот на планината Готен, кај селото Нивичино во Струмичко е локализиран, а екипи на ЈП „Национални шуми“ дежураат на теренот во случај на појава на нови жаришта. Пожарот избувна на 16 овој месец на територијата на Берово, кај местото „Долно Безгаштево“ и се прошири кон општина Василево. Според градоначалникот на оваа општина, Марјан Јанев, пожарот е локализиран и од Беровско и од Струмичко, а благодарение на дождот што заврна прексиноќа беше ставен под контрола. Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса на поголема површина, а заради непристапноста на теренот беше отежнато гаснењето. рт/мд/

Остани поврзан