Локализиран пожарот над Отовица, кај Бучинци вклучени авиони на ДЗС
- На пожарот кај Отовица, што изби попладнето околу 14 часот, се уште делува полицискиот хеликоптер, а авионите на ДЗС се вклучени во гаснење на големиот пожар во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино, што исто така избувна денеска.

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Пожарот кај велешка Отовица е локализиран по интервенција на два авиона „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и полициски хеликоптер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На пожарот кај Отовица, што изби попладнето околу 14 часот, се уште делува полицискиот хеликоптер, а авионите на ДЗС се вклучени во гаснење на големиот пожар во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино, што исто така избувна денеска.
Во гаснење на пожарот над Отовица со кој е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен се вклучени и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото. На истата локација над Отовица имаше пожар и завчера.ад/лв/
фото:МИА