Лоди од Марсеј во Ал Хилал
- Бразилскиот фудбалски репрезентативец Ренан Лоди ги напушти редовите на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј и кариерата ќе ја продолжи во саудиски Ал Хилал.

Марсеј, 17 јануари 2024 (МИА) – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Ренан Лоди ги напушти редовите на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј и кариерата ќе ја продолжи во саудиски Ал Хилал.
Француските медиуми пренесуваат денеска дека 25-годишниот Лоди се преселил во Саудиска Арабија за обесштетување од 25 милиони евра.
Лоди во Ал Хилал ќе му се приклучи на сонародникот Нејмар, кој во моментов е повреден.
Бразилецот остана во редовите на Олимпик Марсеј само шест месеци откако дојде од Атлетико Мадрид, а претходно настапуваше за Нотингем Форест и Атлетико Параненше.
Ал Хилал во моментов е лидер на табелата во саудиското првенство со 53 бодови. ег/ссм/
ФОТО: Фејсбук