• среда, 25 декември 2024

Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението ,,Цар Борис III “ Охрид

Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението ,,Цар Борис III “ Охрид

Скопје, 30 март 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид, соопшти попладнево  Министерството за правда.

Сите носители на јавни овластувања во судските постапки - судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување - тоа да биде санкционирано, апелир

Од Министерството за правда укажуваат дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности и најавуваат дека Решението ќе се достави до Централен регистар на Република Северна Македонија за понатамошно постапување.

Министерството за правда посочува дека Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување  на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

- Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, наведува Министерството за правда.лв/цр/

Остани поврзан