• сабота, 16 ноември 2024

Лога-Маленица во Шибеник: Хрватска преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес и реформите во нашата држава

Лога-Маленица во Шибеник: Хрватска преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес и реформите во нашата држава

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Зајакнувањето на билатералната соработка со Република Хрватска во делот на правосудството, како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23 „Правосудство и темелни права“, беа главните теми на кои во Шибеник  разговараа министерот за правда Кренар Лога и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

На средбата, информираат од Министерството за правда, се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.

Разговарано е за процесот на ветинг, како и организирање на заеднички работилиници на кои ќе се разменат мислења за најдоброто можно решение. Една од темите на разговор беше процесот на дигитализација кој во Хрватска бележи голем напредок и дава огромни резултати.

Министерот Лога го покани Маленица ва официјална посета на Скопје. Поканата беше прифатена со задоволство од хрватскиот министер кој изрази подготвеност неговата држава да ни помогне во сите реформски и евроинтегративни процеси. Договорено е да се потпише и Меморандум за соработка меѓу двете министерства.

На билатералната средба која се одржа на маргините на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа  во Шибеник, се разговараше и за искуството на Хрватска во сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и законодавната агенда.

Самитот го организираше Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Министерството за правда на САД и на него учествуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа и САД.вј/aa/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан