Лишен од слобода неготинец, полицијата му одзела марихуана
- Лишен бил од слобода неготинец, полицијата му одзела марихуана, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Неготино, 30 октомври 2025 (МИА) - Лишен бил од слобода неготинец, полицијата му одзела марихуана, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 15:55 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Ѓ.(21) од овој град, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека синоќа во 22:00 часот, на локален пат село Курија-Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Д.(28) од овој град, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава. свд/вј/
Фото: МИА архива