• сабота, 06 декември 2025

Лишен од слобода жител на Кочани затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода жител на Кочани затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 19 мај 2025 (МИА) - Во Кочани утрово во 01.10 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.А.(53) од Кочани.

МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта.

- Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан