• сабота, 06 декември 2025

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - На 20.06.2025 во 00.40 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода   И.И.(43) од село Косевица, општина Македонска Каменица.

При контрола на патниот сообраќај, соопштија денеска од МВР, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан