Лишени од слобода крадци во Скопје
- Полициски службеници од ЕВР Центар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги лишиле од слобода К.Д. од Кавадарци и А.Б. од Скопје, по претходна пријава од Ј.В. околу 16.15 часот дека во близина на Транспортен центар во Скопје две машки лица со употреба на сила и одзеле две ланчиња.

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги лишиле од слобода К.Д. од Кавадарци и А.Б. од Скопје, по претходна пријава од Ј.В. околу 16.15 часот дека во близина на Транспортен центар во Скопје две машки лица со употреба на сила и одзеле две ланчиња.
Како што соопшти вечерва МВР, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/
Фото: МИА архива