• четврток, 26 декември 2024

Лични карти ќе се издаваат и денеска

Лични карти ќе се издаваат и денеска
Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Од МВР информираа дека денеска надлежните организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје – Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево. цр/рп/

Остани поврзан