• петок, 15 ноември 2024

Литванија тврди: Русија преместува војска од Калининград во Курск

Литванија тврди: Русија преместува војска од Калининград во Курск

Вилнус, 13 август 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Литванија, Лауринас Кашчунас, денеска изјави дека Русија преместува војници од Калининград во областа Курск.

Калининград е балтички ексклава на Русија, додека Курск се наоѓа на југот на земјата. Во таа област веќе една недела украинските сили изведуваат прекугранична офанзива.

Литованскиот министер за одбрана ја соопштил оваа информација за префрлањето на руските војници од Калининград во Курск за време на средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Киев, што може да се види на видео објавено на профилот на украинскиот лидер на „Телеграм“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан