• четврток, 05 декември 2024

Лирен и Гукеш ремизираа во осмата партија

Лирен и Гукеш ремизираа во осмата партија

 

Сингапур, 4 декември 2024 (МИА) – Осмата партија од дуелот за титулата светски првак во шах во Сингапур меѓу бранителот, Кинезот Динг Лирен (32) и 18-годишниот Индиец Домараџу Гукеш заврши нерешено во 51. Потег со што резултатот и натаму е изедначен 4-4.

И кинескиот и индискиот велемајстор имаа сериозна предност во одредени моменти од партијата, но грешеа и на крајот осмиот дуел заврши реми.

Ова е петто последователно реми на дуелот во Сингапур.

Деветтата од партија од вкупно 14 на програмата е в четврток.

Предноста од белите фигури ќе ја има Гукеш, кој со своите 18 години е најмладиот предизвикувач.

Наградниот фонд за мечот за светската титула е 2,5 милиони долари. ег

ФОТО: ФИДЕ/Фејсбук

Остани поврзан