• сабота, 23 ноември 2024

Лион се бори со топлотниот бран и со бесплатни кинобилети за социјално загрозените лица

Лион се бори со топлотниот бран и со бесплатни кинобилети за социјално загрозените лица

Лион, 6 авгyст 2024 (МИА) - Соочен со високи температури, Лион - третиот по големина град во Франција, нуди бесплатни билети за кино за жителите кои ги исполнуваат условите за место во климатизираните театри.

- Соочени со силните горештини, не сме сите еднакви. Со цел сите да имаат пристап до потребните свежи простории, Градот Лион ќе дели бесплатни кинобилети. Граѓаните притоа треба да покажат документ дека користат социјално осигурување или семејна поддршка, со што ги исполнуваат условите за бенефициите, рече градоначалникот на Лион, Грегори Душе.

Во Франција, многу блокови со социјални станови не се соодветно заштитени од горештините.

Во Лион неделава се очекуваат температури до 34 Целзиусови степени. Освен оваа понуда за време на топлотните бранови, и два од градските музеи нудат бесплатен влез за секого. Дополнително, градот го продолжува работното време на базените и парковите. Инсталации во сенка и системи за прскање вода за ладење се достапни на три места во текот на летото.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан